Во битка за плеј-оф: Добри вести за Црвена Звезда пред дербито со Ефес

Црвена Звезда денеска од 20 часот во Беград ја очекува презначен натпревар против Ефес за исполнување на амбицијата за пласман во плеј-офот на Евролигата.

Тимот предводен од грчкиот стратег Јанис Сферопулос се чини дека ќе има олеснителна околност за забележување на 19. триумф во елитното натпреварување бидејќи неизесен до самиот почеток на средбата ќе биде еден од најдобрите кошаркари во противничките редови, Шејн Ларкин.

Американецот со турски пасош во послените два дена отсустуваше од тимските тренинзи поради проблеми со дишните патишта па голема е веројатноста дека нема да биде дел од денешната средба.

Овој натпревар е од големо значење за двата тима кои со учинок од 18 победи и 14 порази се на делба на осмата позиција на табелата. Победникот ќе обезбеди најмалку пласман во плеј-инот.

Се вчитува...