Во битката со Ковид-19: И стадионот „Милениум“ во Кардиф станува болница

Во ситуација кога се поголем европски земји се соочува со предизвикот – коронавирус, и Кардиф ќе го следи примерот на Загреб и Софија кои одлучија спортските арени да ги приспособат за прием на заболени од Ковид-19.

Стадионот „Милениум“ во Велс ќе биде пренаменет во болница, бидејќи има можност за затворање на покривот. Како што информираат надлежните ќе бидат поставени 2.000 кревети за лечење на болни од коронавирусот.

„Мора да бидеме подготвени. Не сакаме да создадеме паника меѓу граѓаните, но ова мора да се направи. Надежите, на крај, се дека овие 2.000 кревети нема да бидат употребени“ – велат од Министерството за здравство на Велс.

Се вчитува...