Во Битола веќе „врие“: Музика, фешта…, Широк сокак се загрева (ВИДЕО/ ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Битола се е подготвено за мечот на сезоната во мак-ракометот, мега-пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Математиката е јасна, “пелистерци” со победа или реми би направиле џиновски чекор напред кон шампионската, што би била прва за битолчани по пауза од 17 години.

Затоа, во “градот на конзулите” утрово владее одлична атмосфера која станува се пожешка како што се ближи почетокот на натпреварот.

Клубот организираше и фан-зона во непосредна близина на салата, а на час и половина до почетокот е јасно дека “вардарци” ќе ги очекува пекол во битката што ќе почне во 19 часот.

 

Се вчитува...