Дастин Поире успеа да го победи актуелниот шампион во перолесна категорија, Макс Холовеј во мечот за привремената титула во лесна категорија. По извонредна борба на УФЦ 236 настанот, Поире стигна до привремената титула и во септември за титулата ќе се бори со Хабиб Нурмагомедов.
Борбата во Атланта ги воодушеви сите љубители на овој спорт. Многу аналитичари веќе ја прогласија за борба на годината.
„Чувствував како да ја губам борбата, но успеав да се извлечам. Моментално сум шампион и пресреќен сум. Тоа беше пеколен настап на двајцата. Една од најдобрите борби на годината. Феноменална ноќ“ – изјави Поире по победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА