Во Бразил, фудбалот е религија. Па, дури и кога парите доаѓаат од политиката, на некои тоа многу не им значи, иако од таму го јадат лебот. Бразилски парламентарци среде сецница си менуваа сликички од официјалниот албум на „Панини“ за Светското првенство во Русија.
Работата да биде уште полоша, во текот било важно гласање, па нивниот лидер неколку пати ги опоменал да се фокусираат на гласањето на законите. Но, фудбалот во Бразил е и многу повеќе од најважна според работа, како насекаде во светот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА