Во Брера задоволни со ремито против грчки Ксанти

Струмичкиот прволигаш АП Брера ремизираше (1-1) на пријателскиот натпревар против грчки Ксанти низ подготовките за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Од Брера одиграа рамноправен натпревар на гостински терен со Грците во кој стрелец на единствениот гол за македонскиот тим беше Стојанов во 36. минута од средбата.

Од АП Брера се задоволни од изданието на тимот на овој меч на кој шанса добија сите во моментов расположиви сили.

Се вчитува...