ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонските навивачи веќе го окупираа главниот град на Романија пред утрешниот прв натпревар на ЕВРО 2020. Буквално сите локали и ресторани во центарот на Букурешт се „окупирани“ од Македонците кои во еуфорично расположение го очекуваат настапот на македонските репрезентативци.
А, во Букурешт, по олеснување на мерките за заштита од Ковид-19, буквално се функционира како и во периодот пред пандемијата на коронавирусот. Веројатно и романската влада се одлучи да го заживее градот со дозволата навивачите на Европското првенство кои доаѓаат да имаат можност и за забава…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА