Во чест на легендата на Ф1: Ферари подготвува голема изложба за 50.роденден на Михаел Шумахер

Михаел Шумахер на 3.јануари ќе го прослави 50. роденден, а Ферари одлучи да направи голема изложба во музејот во чест на еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1. Легендарниот Германец во италијанскиот тим се пресели по две титули со Бенетон (1994, 1995), а во Ферари стигна до пет последователни трофеи, од 2000 до 2004 година. Со седум светски титули стана најуспешен возач во историјата на Ф1.

Од натпреварувањето се прости во 2012, а само една година подоцна тешко настрада во скијачка несреќа во Франција. Пет години беше прикован за кревет, а пред неколку дена се појавија позитивни информации дека тој веќе не е врзан за постела и дека може самостојно да се храни.

 

Се вчитува...