УЕФА објави дека ќе има едноминутно молчење во чест на починатиот папа Франциск пред сите полуфинални натпревари во своите клупски натпреварувања оваа недела.
Гестот, велат тие, е посвета на папата кој беше „светилник на надежта за човештвото“. Ќе се одржи едноминутно молчење пред натпреварите во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига, Лигата на шампионките и младинската лига на шампиони.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испрати сочувство и го истакна трајното наследство на Папата.
„Папата Франциск беше светилник на надеж за целото човештво во овие времиња на војни и тешкотии. Човештвото сега ќе остане без тој глас – неуморен и силен – кој секогаш застануваше во одбрана на сиромашните, скромните и ранливите, повикувајќи на почит, прифаќање и еднаквост и молејќи за мир кој секогаш изгледаше далечен, но се повеќе посакуван во срцето на луѓето“, рече Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА