Во чест на Салах – Голем потег на Рома по дуелот со Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето од Лигата на шампионите иако синоќа беа поразени од Рома на „Олимписко“ со 4-2 во полуфиналниот реванш. Но, „црвените“ стигнаа до големото финале благодарение на победата во првиот меч со 5-2 и на блескавата партија на поранешиот фудбалер на Рома, Мохамед Салах.

Египетскиот фудбалер синоќа се врати на „Олимпико“ и беше дочеакн со аплауз од навивачите, а Рома по натпреварот покажа класа и манир на голем клуб со објавата на Твитер во чест на Салах.

Боли премногу што неверојатниот сон на Рома на патот кон Киев е завршен, но ти ќе бидеш таму во некои нови бои. Среќно во финалето на Лигата на шампионите, Мо Салах!“ – порачаа од римскиот клуб.

Се вчитува...