Во Денвер уапсен братот на Никола Јокиќ

Братот на првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ, Страхиња Јокиќ е уапсен поради напад над жена. Страхиња кој има 37 години, бил со жена во станот во Денвер. Таа сакала да го напушти станот, но тој ја бутнал и не и дозволил да замине. Жената почнала да бара помош, а тој почнал да ја дави, велејќи и дека ќе го прави тоа се додека таа не заспие.

Жената се обидела да повика и полиција, но Страхиња не и дозволил. Сепак, таа успеала да испрати порака до пријател, кој повикал полиција, која го уапсила братот на најдобриот центар во лигата.

Никола Јокиќ има два постари браќа, Страхиња и Немања, кои му се голема поддршка во Денвер, а често се и на натпреварите на тимот на Нагетс.

Се вчитува...