Во Динамо Загреб е напнато: Канаваро добива отказ!?

Динамо Загреб загуби од Истра до 3-0 и така се чини остана без титулата во хрватскиот шампионат. „Модрите“ после долго време ќе ја прекинат доминацијата во Хрватска, и се чини дека борбата ќе се води помеѓу Хајдук и Ријека.

„Модрите“ веднаш по вчерашниот пораз, уште од денеска тргнаа по замена за Фабио Канаваро, кој не се снајде најдобро во таборот на „модрите“. Најсериозен кандидат е Силвијо Чабраја, кој работеше одлична работа во Локомотива, а потоа следуваат Дамир Крзнар и Горан Томиќ. Има во опција и неколку странци, но со оглед дека се „изгореа“ со Канаваро, најверојатно ќе се одлучат за домашен тренер.

Одлуката околу иднината на Канаваро најверојатно ќе се случи утре, но се поизвесно е дека тој ќе си замине. Хрватските медиуми пишуваат дека дел и од играчите веќе му го вртат грбот на Италијанецот, и дека извесно е да стане „поранешен“.

Се вчитува...