Во договорот има клаузула: Нејмар ќе мора да се лекува како што ќе каже ПСЖ

Бразилскиот интернационалец Нејмар, кој заработи скршеница на метатарзалната коска на стапалото на десната нога, како и истегнување на лигаментите на скочниот зглоб, ќе мора да се лекува според проценките што ќе го донесат клупските лекари на Пари Сен Жермен. Ова е една од клаузулите во договорот што францускиот гигант го има со најскапиот светски фудбалер во овој момент. При трансферот вреден 222 милиони евра на Нејмар, Бразилецот се согласил на ваков член во договорот со клубот, открива бразилскиот весник „Фолја де Сао Паоло“.

Ова значи дека клупските лекари на ПСЖ ќе треба да ја донесат конечната одлука околу лекувањето на Нејмар од повредата што ја заработи на мечот против Олимпик Марсеј во француското првенство. Таткото на Нејмар, кој е и негов агент, откри дека фудбалерот на ПСЖ секако ќе мора да паузира од шест до осум седмици, со оглед на нивото на повредата на десниот скочен зглоб и скршеницата на коска во стапалото.

 

 

Се вчитува...