Фудбалерите на косовскиот шампион Дрита од Гњилане денеска во комплетен состав доаѓаат во Скопје пред утрешниот натпревар со Силекс во 2. квалификациско коло од Лига Европа.
По вчерашните тестови, ниту еден од тимот на Дрита не е позитивен на Ковид-19, па шефот на стручниот штаб Ардијан Нухиу ќе може да смета на сите расположиви сили. Во тимот на Дрита настапува поранешниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули, а неодамна потпиша и довчерашниот вардаров фудбалер, Владица Брдаровски.
Силекс очекува пласман во следната рунда од квалификациите. Во таборот на кратовци веруваат дека може до триумф против Дрита кој ќе ги остави на европската сцена. Натпреварот меѓу Силекс и Дрита се игра утре со почеток од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА