Брегалница и Скопје одиграа без голови во пресметката меѓу двете најдобри екипи од второлигашките конкуренции, на последниот пријателски натпревар пред продолжението на сезоната следната недела.
На дуелот кој се одигра на игралиштето на Бело Брдо во Штип, во главно рамноправен дуел, имаше можности и на двете страни, но на крајот мрежите мируваа.
Во секој случај, повеќе од квалитетна контрола за заокружување на тест периодот за двете екипи пред стартот на пролетната сезона во Втората лига – Исток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА