Американската мешана штафета 4х50 метри и Русинот Кирил Пригода поставија нови светски рекорди на денешните трки на Светското првенство во пливање во куси базени што се одржува во Хангжоу (Кина).
Американскиот тим во состав: Кејлеб Дресел, Келси Далија, Мајкл Ендрју и Оливија Смолига ја освои шампионската титула со време од 1:36.40 минута што е најдобро постигнување во светот во оваа дисциплина.
Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на пливачите од САД, а изнесуваше 1:37.17 минута и беше поставен на 21 декември 2013 година во Глазгов.
Второто место на СП во Кина и припадна на штафетата на Холандија (1:37.05), а брозната ја освои штафетата на Русија (1:37.33).
Русинот Кирил Пригода постави нов светски рекорд на 200 метри градно. Пригода го освои знатниот медал испливувајчи ја делницата за 2:00.16 минути и го надмина досегашниот рекорд од 2:00.44 што го постави Германецот Марко Кох пред две години.
Второто место во оваа дисциплина му припадна на Кинезот Хван Цин со нов азиски рекорд од 2:01.15 минути, а на третото место заврши досегашниот рекордер Марко Кох со резултат од 2:01.42 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА