Во еден момент важеше за најдобриот фудбалер на светот, сега се наоѓа пред враќање во татковината

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо кој најголемиот успех во кариерата го доживеа носејќи го дресот на Ливерпул во периодот помеѓу 2013 и 2018 година би можел ова лето да се врати назад во татковината и клубот од каде ја започна професионалната кариера, Васко де Гама, пренесуваат англиските медиуми.

Сега 31-годишниот фудбалер од средниот ред е дел од Астон Вила со која има договор од 2026 година, но на неговите услуги не смета тренерот Унаи Емери. Оваа сезона тој ја помина на позајмица во катарскиот Ал Духали забележувајќи шест голови и три асистенции на 22 одиграни натпревари.

Кутињо важеше за една од најголемите фудбалски ѕвезди во 2018 година кога реализираше трансфер вреден 135 милион евра во Барселона, но не ја оправда историската сума издвоена од каталонскиот тим настапувајќи на 106 натпревари во период од четири сезони.

 

Се вчитува...