„Во ерата на Фергусон сите сакаа да играат во Манчестер Јунајтед, сега не сака никој“

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, легендарниот Ерик Кантона ја коментираше сегашната ситуација во клубот во кој настапуваше во минатото.

Французинот кажа дека „Олд Трафорд“ не веќе толку популарен за големите играчи како што тоа беше случај во времето кога Алекс Фергусон беше на чело на екипата.

„Ако во деновите на Алекс Фергусон клубот сакаше да ангажира некој играч, па дури и најдобриот во светот, тие беа подготвени да дојдат затоа што тимот победуваше и во Англија и во Европа. Јунајтед беше главен клуб и можеше да си дозволи да купи боло кој. Сега е поинаку. Најдобрите сакаат да играат за тимови кои победуваат, а Јунајтед не е во таа позиција. Треба екипата да се однесува како Ливерпул кој ги потпиша Мане и Салах кои не беа најдобри, а потоа станаа. Ова е одличен пример“, рече Кантона.

Се вчитува...