Најџел Хејс-Дејвис, американскиот кошаркар кој е еден од најдобрите во Евролигата во последните години имаше интересна изјава поврзана со европската кошарка.
На подкаст на двајца Американци, Шејн Ларкин и Илајџа Брајант тој изјави дека во европската кошарка нема радост
„Во Европа постојано имате чувство на бес. Кога седите на клупа некој постојано вика бидејќи противникот дал кош. Сите се лути. Тренерот ви се врти… Кога бев во Америка одново го најдов нивото на среќа во кошарката кое мислев дека не постои. Или барем не сум го видел откако сум во Европа. Нема радост кога играте кошарка во Европа“, изјави Хејс-Дејвис.
По маргиналната улога која ја имаше во НБА, Американецот се пресели во Европа во 2018 година. Во текот на годините настапуваше за Галатасарај, Жалгирис и Барселона, а од пред две години ги брани боите на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА