Во ФИАТ незадоволни: Наместо на Роналдо, дајте поголема плата на работниците

Фудбалската треска во Италија е се поголема откако стана јасно дека Кристијано Роналдо е многу близу до трансфер во Јувентус, но не се сите задоволни што Португалецот ќе ја продолжи својата кариера во дресот на „старата дама“.

Откако беше обелоденето дека голем дел од платата на Роналдо ќе ја покрива ФИАТ во сопственост на семејството Ањели, први своето незадоволство јавно го искажаа вработените во оваа компанија, кои десет години немаат добиено зголемување на платата.

„По Игуаин сега доаѓа Роналдо. Ова е срамота, работниците десет години немаат добиено зголемување, а со платата на Роналдо сите работници можат да заработуваат по 200 евра повеќе и да бидат пресреќни“ – изјави Џерардо Јаноне, еден од најгласните во незадоволството на оваа тема.

Се вчитува...