Во Франкфурт како во „Јане Сандански“ – фешта на трибини долго по завршување на мечот

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт се вистински хит во Лигата на Европа сезонава, откако стигнаа до полуфиналето на најмасовното европско фудбалско натпреварување. Ајнтрахт ремизираше 1-1 со Челси во последниот меч на домашен терен во Европа сезонава, но навивачите на тимот од Франкфурт покажаа како се подржува омилениот тим.

Домаќините поведоа со голот на Лука Јовиќ, а конечните 1-1 ги постави Педро, што го прават Челси фаворит за учество во финалето бидејќи на „Стемфорд бриџ“ ќе им биде доволно и реми без голови. Сепак, тоа не ги спречи навивачите на тимот од Франкфурт, во „скопски стил“ да и пола час по завршување на мечот да не го напуштат стадионот и да останат да ги поздрават своите херои.

 

Се вчитува...