Во фудбалска Аргентина нема џентлмени, судијка брутално нокаутирана (ВИДЕО)

Очигледно во Аргентина не постои врската на џентлменство меѓу мажот и жената, особено не ако станува збор за фудбалски натпревар.

Имено, на социјалните мрежи се појави брутален напад врз судијка на меч меѓу аргентински нисколигаши, а несреќната 30-годишна Далма Магали Кортади доби удар од страна на Кристијан Тироне од редовите на Гарменсе.

Кортади сакаше да ги смири страстите на теренот и поради тоа подели два жолти картони на двете страни, но потоа следеше брутален нокаут.

Судијката со полесни повреди беше примена во болница, а напаѓачот беше уапсен од страна на полицијата и против него е поднесена пријава.

 

 

 

Се вчитува...