Во Голден Стејт можат да здивнат по повредата на Кари

Голден Стејт славеше на дуелот против Торонтосо 117-114, но триумфот остана во сенка на повредата на Стеф Кари, кој по незгодниот пад на грбот мораше да го напушти теренот во третата четвртина и повеќе не се враќаше во игра.

Деталните лекарски прегледи за среќа донесоа добра вест за Стив Кер и „воините“, повредата на одличниот шутер не е од посериозна природа. Не станува збор за никаква скршеница, постои оток поради кој ќе следи кратка пауза, но се очекува Кари наскоро повторно да се појави на терените во дресот на Голден Стејт.

Одличниот 37-годишен поентер повторно е клучен играч во поранешниот НБА-првак со просек од 24,2 поени и 6 асистенции по натпревар, со фантастични 39,4% при ударите за три поени.

Се вчитува...