Босна и Херцеговина за време на новогодишната ноќ ја потресе невидена трагедија кога во близина на Посушје животот го загубија осум тинејџери.
До несреќата дошло во една викендичка покрај Посушје, каде четири момчиња и четири девојки загинале по гушење со гас. Вчера во БиХ беше прогласен и ден на жалост.
Меѓу загинатите е и Марија Павковиќ, поранешна ракометарка на Посушје која настапувала и за младинските селекции на БиХ. Меѓу загинатите во трагедијата е и поранешен член на младинските фудбалски тимови на Посушје, Стјепан Јукиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

