Во Холандија се подготвува фудбалски меч без судии

Во холандскиот град Хелмонд следниот четврток ќе се одигра многу необичен натпревар меѓу градските ривали кој ќе биде без судии.

Мора да се признае дека ќе биде од пријателски карактер, но ќе носи многу важна порака за навивачите на двата клуба и за играчите. Идејата до која дојдоа претставниците на двата клуба е да се подигне свеста кај сите актери за улогата и значењето на фудбалските судии.

До оваа идеја дошле откако во последните години во овој град забележително се зголемува тензијата поради фудбалот и ривалството меѓу овие два клуба, често поради ситуациите на теренот, меѓу играчите.

Во голем број случаи играчите ги напаѓале судиите поради непознавање на правилата на фудбалската игра.

За оваа прилика, играчите на двата тима ќе бидат обврзани да ги научат сите правила и да дојдат во игра со ова претходно знаење бидејќи ќе треба само да донесат правилни одлуки.

Двата тима инаку се натпреваруваат во полуаматерски ранг на натпреварувањето.

Се вчитува...