Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук, Марио Мештровиќ бил застрелан,од заседа, ноќеска во Винковци, пренесуваат хрватските медиуми.
Според информациите, нападот се случил синоќа околу 22 часот, кога непознат напаѓач со фантомка со неколку истрели го погодил Мештровиќ во ногата.
„Тој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Во свесна состојба е, и го опиша напаѓачот кој со велосипед го напушти местото на настанот“ – соопштија од хрватската полиција.
Мештровиќ е актуелен началник за спорт во Вуковарско-сремската жупанија. Во својата фудбалска кариера се до 2003 година, покрај за Хајдук, играл и за Цибалија, Ријека, Алавес, Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба и Хапоел Ерусалим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА