Во Хрватска се по старо: По се изгледа Динамо повторно ќе биде шампион (ВИДЕО)

По се изгледа некои работи во хрватскиот фудбал нема да се променат и оваа сезона. Динамо Загреб славеше на гостувањето кај Хајдук со 1-3 во дерби натпреварот од 33. коло во шампионатот на Хрватска.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Пјер-Габриел во 51. минута. Само пет минути подоцна Ливаја успеа да израмни на 1-1.

Сепак, гостите на крајот се радуваа на триумф со головите на Куленовиќ во 64. и Сучиќ во 102 минута. Стефан Ристовски од првата минута стартуваше за тимот од Загреб, додека Александар Трајковски во игра влезе во 83. минута.

 

Се вчитува...