„Во иднина националните тимови се повеќе ќе натурализираат кошаркари“

Натурализираниот Американец во кошаркарската репрезетнација на Словенија, Мајк Тоби проговоре на контроверзната тема која го подели светот – дозволата за натурализирани кошаркари да настапуваат во репрезентативниот дрес.

Според новиот центар на Црвена Звезда овој тренд и дава на кошаркарта повеќе отколку што и одзема и тоа е добра шанса за поголема конкурнтност.

„Ги разбирам аргументите и за и против натурализирани кошаркари во репрезентациите. Сигурен сум дека во иднина националните тимови ова правило ќе го користат уште повеќе со оглед на тоа што некои тимови им недостасува само дополнително засилување за конкурентност.

Натурализиран играч може да направи голема разлика и да им помогне на малите држави рамноправно да се натпреваруваат“, изјави Тоби.

Се вчитува...