Во Интер се бесни: Како може ова да е пенал (видео)

Интер го претрпе вториот пораз во низа во Лигата на Шампионите губејќи вечерва од Ливерпул, а за тренерот Киву и неговите избраници нема дилема дека судиите се главни виновници што овој меч заврши со конечни 0-1.

Гостите единствениот гол го постигнаа од сомнителен пенал, откако арбитрите во ВАР собата го оценија држењето за дрес на Бастони при стартот над Вирц за прекршок за пенал.

Домаќините бурно реагираа, но се им беше попусто, па Ливерпул со голот на Собослаи од белата точка стигна до својата четврта овосезонска победа во ЛШ.

Спорниот момент од „Џузепе Меаца“ и реализираниот пенал на Собослаи можете да го погледнете на овој ЛИНК.

Се вчитува...