Фудбалската репрезентација на Ирак водеше до 95. минута против Јордан со 2-1, но потоа следеше вистински шок. Јордан дојде до пресврт за триумф од 2-3 рушејќи ги соништата на Ирак кој беше така блиску до четвртфиналето на Азискиот куп.
Па, по дуелот грди сцени на прес-конференцијата на ирачкиот селектор, Шпанецот Жесус Касас, кој се најде на удар од домашните медиуми.
Watch what it means for Jordan who defeated Iraq this morning with a 97th minute winner in the AFC Asian Cup #IRQvJOR 🇯🇴pic.twitter.com/C7VSJl1DON
— World Soccer Talk (@worldsoccertalk) January 29, 2024
Неколку новинари луто се насочија кон Касас за време на прес-конференцијата, дури и со обид за физичка пресметка, обвинувајќи дека место на селекцијата на Ирак за време на шампионатот само мислел на бројните интервјуа за шпанските медиуми.
„Ниту еден од селекторите на репрезентациите кои дојдоа до осминафинале на даваа интервјуа пред своите натпревари. Како е можно вас тоа да ви паѓа на памет? Штета“ – викаа ирачките новинари додека осигурувањето спречуваше да му се приближат на селекторот.
Ирачките медиуми на крај ја напуштија просторијата и остана само мала група странски новинари пред кои Касас се пожали за тоа што се случи, оправдувајќи сега дека дадените интервјуа не влијаеле на ефектот на игра на неговиот тим.
😳 Así ha sido el tenso momento durante la rueda de prensa de Jesús Casas
😡 Un grupo de periodistas iraquíes han increpado al seleccionador español de Irak tras caer eliminados en la Copa Asia
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/9HJj7u5bMM
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) January 29, 2024
Исто така, Шпанецот истакна дека не се чувствува загрижено за својата иднина на чело на ирачката селекција која ја води од 2022 година, и дека неговата цел е пласман на Светското првенство 2026.
„Вакво нешто досега ми се нема случено, и не знам дали ќе ми се повтори. Но, имајте на ум дека во Ирак е многу поразлично новинарството од другите земји. Доволно е да се има Инстаграм и 100.000 следбеници или само „јутјуб“ канал и можете да бидете новинар. Тоа не се професионалци. Тешко е да се објасни тоа и да се споредува со новинарството во другите земји“ – рече Касас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

