Поранешниот играч од средниот ред на Милан и италијанската репрезентација, Деметрио Албертини, коментираше за кризата во италијанскиот фудбал, нагласувајќи дека клубовите од Серија А заостануваат зад европските трендови во однос на стилот на игра и пристапот. Албертини верува дека италијанскиот фудбал станал бавен, предвидлив и недоволно храбар, а како клучни проблеми ги наведе лошата имитација на прославениот стил на игра и систематскиот недостаток на доверба кај младите играчи.
Коментирајќи го елиминирањето на Интер, кој доминира во Италија, од Лигата на шампионите, Албертини го критикуваше стилот на игра што преовладува на Апенините.
„Заостануваме зад другите. Тие се побрзи и подрски од нас. Ние само имитираме тики-така и не пренесуваме никакви емоции. Никој не дрибла, додавањата се претежно странични и играта е бавна“, рече тој.
„Ова тики-така ми е здодевно. Во Барселона беше забавно бидејќи во еден момент некој ќе го дриблаше противникот. Не секој може да вози Ферари. Но, ако возиш брзо, можеби ќе се навикнеш“, кажа Албертини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

