Во изборот на МАКФУДБАЛ: Висар Муслиу го доби признанието „Играч на сезоната 2018/2019“

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу го доби признанието „Играч на сезоната 2018/2019“ во Првата фудбалска лига на Македонија, според изборот на специјализираниот фудбалски портал МАКФУДБАЛ. Муслиу беше еден од столбовите во играта на македонскиот првак, даде огромен придонес во одбрана на шампионската круна, а истовремено со одличните игри се промовираше и во стандарден македонски репрезентативец. МАКФУДБАЛ изминатава сезона доделуваше награди и признанија за играчите на секој месец во најсилниот македонски шампионат, па како заокружување на тоа Висар Муслиу сега ја доби престижната статуетка и наградата од компанијата за спортска опрема „Мега Спорт“, за најдобар во сезоната.

„Голема благодарност за ова престижно признание. Кога доаѓа од специјализиран фудбалски портал, од рацете на новинари и аналитичари кои многу добро ги познаваат состојбите и го препознаваат квалитетот, дефинитивно многу ми значи. Оваа награда е и обврска да продолжам да работам уште понапорно и да се потврдувам со нови добри игри и во тимот на Шкендија и во фудбалската репрезентација на Македонија“, вели Муслиу.

Комплетниот разговор со играчот на сезоната во Македонија може да го прочитате на МАКФУДБАЛ.МК.

Се вчитува...