Во Јунајтед се згрозени поради расистичките напади кон Погба

Манчестер Јунајтед јавно ги осуди расистичките напади кои беа упатени кон Пол Погба по завршувањето на мечот против Вулверхемптон. Во последниот меч од второто коло во Премиер-лигата Вулверхемптон и Јунајтед одиграа без победник (1-1), а Французинот не успеа да реализира пенал кој ќе им донесеше три бода на „црвените-ѓаволи“.

Од тимот од „Олд трафорд“ излегоа со соопштение во кое искажуваат згрозување поради расистичките напади кои ги добил Погба на социјалните мрежи, поради промашениот пенал.

„Сите во Манчестер Јунајтед се згрозени од расистичките напади кои ги доби Пол Погба. Поединците кои го искажаа своето мислење со такви расистички напади, не ги претставуваат вредностите на нашиот клуб и навистина е охрабрувачки да се види како голем дел од нашите навивачи тоа го осудуваат. Манчестер Јунајтед нема да толерира никаков облик на расизам или дискриминација и ќе се бориме против тоа со нашата иницијатива #СитецрвениСитееднакви“, стои во соопштението од клубот. 

Во Англија има големи проблеми со расизмот, а пред само неколку дена напаѓачот на Челси Теми Абрахам, исто така поради неискористен пенал се најде на мета на расисти

Се вчитува...