Во Јувентус нема место за Срби: Тудор отпиша уште еден фудбалер

Душан Влаховиќ нема да биде единствениот Србин кој ќе замине од редовите на Јувентус ова лето бидејќи во тимот предводен од хрватскиот стратег Игор Тудор повеќе место нема ниту за Филип Костиќ.

Српскиот репрезентативец по едносезонска позајмица во Фенербахче се врати назад во Торино, а и покрај тоа што првичните информации велеат дека ќе остане во италијанскиот клуб да се бори за своето место, донесена е одлука да реализира трансфер.

Костиќ влегува во последната година од договорот со Јувентус, има и преголема плата па раководството на клубот сака да се реши од неговите услуги во трансфер од кој очекува да заработи околку пет милиони евра.

Но, Јувентус има и проблем бидејќи засега нема заинтересирани клубови за негов ангажман. Костиќ се поврзуваше со премин во Атланта, Црвена Звезда и Олимпијакос, но не се водат активни преговори за заминување на 32-годишникот.

Се вчитува...