Во Јувентус се уверени: Роналдо е нашата иднина!

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи нема дилема дека Кристијано Роналдо ќе остане во редовите на „Старата дама“ и во иднина. По уште едно разочарување во Лигата на шампионите и елиминацијата од Порто во осминафиналето и се помалите шанси да се одбрани трофејот во Серија А се појави информација дека 35-годишникот ќе го напушти Торино.

„Кристијано е иднината на Јувентус, апсолутно. Сигурен сум во тоа. Привилегија е да го имаш него во клубот. Уживаме со него и среќни сме што имаме таков шампион во нашиот тим“, изјави Паратичи. 

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има договор со италијанскиот гигант до летото 2022 година.

Се вчитува...