Во Канада постигнат гол во стилот на Роберто Карлос пред 24 години (ВИДЕО)

Играчот на Атлетико Отава, Кевен Алеман, постигна прекрасен гол во канадскиот шампионат. Офанзивниот играч на стана хит на интернет откако на првенствениот натпревар против Халифакс Вондерерс, на спектакуларен начин ја затресе мрежата на ривалот. Неговиот погодок постигна хит на интернет.

Пред се поради тоа што ист таков гол постигна бразилската легенда Роберто Карлос пред 25 години. Носејќи го дресот на Реал Мадрид, тогаш Карлос погоди на дуелот со Тенерифе од мртов агол. За разлика од пензионираниот лев бек, Алеман не беше на самата гол линија, но треба да му се даде признание поради овој боид.

Неговиот феноменален гол донесе предност за Атлетико, а на крајот неговиот тим славеше победа од 3-2.

Се вчитува...