Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино по состанокот со раководството на Светската здравствена организација проговори за престојното Светско првенство кое ќе биде одиграно во Катар. Како што вели Италијанецот, во Катар ќе имаме полни трибини и првенството ќе биде одржано во претпознатливиот стил како досега.
„Уверен сум дека ќе имаме сјајно Светско првентство и дека истото ќе ни ја донесе магијата на која навикнавме, и како и на сите Мундијали пред него ќе го обедини светот. Мундијалот во Катар ќе се одржи после повеќе од година дена рестрикции за патување и се друго што се случи и се надевам дека тоа ќе се промени. Следната година ќе имаме полни стадиони, Ковидот до тогаш ќе биде поразен и светот ќе научи да живее со него. Доколку за две години не го оствариме тоа, мислам дека светот ќе има поголеми проблеми отколку прашањето дали ќе има присуство на навивачи на Светското првенство“ – изјави претседателот на ФИФА.
Покрај тоа првиот човек на Меѓунардоната фудбаска федерација се осврна и кон вакцините, и најавите дека големите натпреварувања нема да можат да се одржат без нив.
„Свесни сме на приоритетот за вакцинирање, се знае дека тој го имаат ризичните групи и здравствените работници и не мислиме дека фудбалерите се група кој треба да биде повластена по ова прашање. Секако, од безбедностни причини во контекст на меѓународните натпреварувања, за Олимписките игри ова лето и слично, тоа треба да биде препорака, но со запазување на сите приоритети во дистрибуција на вакцините“ – додаде Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА