Металург 2 и Струга денеска од 19 часот во Кавадарци ќе го одиграат бараж мечот за место во Супер лигата од следната сезона.
Металург 2 заврши на последното место во суперлигашкиот плеј-аут и доби можност преку баражот со второпласираната екипа од Првата лига, да се бори за задржување на суперлигашкиот статус.
Во неизвесниот финиш во Првата лига, Бутел го обезбеди првото место што му носи директен пласман во Супер лигата, а Струга заврши на второто место пред Металург јуниор и денеска ќе се бори за влез во Супер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА