ЕКИПА во Кожани,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева
ФОТО: Роберт Спасовски
Македонската репрезентација во мирна атмосфера во хотелски комплекс надвор од Кожани ги минува последните часови пред натпреварот со Грција во квалификациите за ЕП.
А, за тоа време организаторите на настанот ги преземаат сите можни чекори за максимална безбедност пред и за време на натпреварот.
Лесно воочливи се и силните полициски сили кои треба да овозможат комплетно безбедност и за македонските ракометни репрезентативци. Од Грчката ракометна федерација потенцираат дека не очекуваат никаков проблем, верувајќи дека денешниот ден ќе мине во крајно мирна атмосфера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА