Во Куманово ќе биде одлучен шампионот на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Кошаркарскиот клуб МКК Куманово ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција по пријавување на интерес и исполнување на условите на Кошаркарската федерација на Македонија.

Куп завршницата ќе биде одиграна во салата „Куманово“ од 13. до 15. февруари и тука силите ќе си ги одмерат: Куманово, ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички и Феникс 2010.

Во четвртфиналето силите ќе си ги одмерат: ТФТ – Феникс 2010, МЗТ Скопје Аеродром – Работнички, Кожув – Маџари и Пелистер – МКК Куманово.

Се вчитува...