Во Леверкузен има причина за славје

Навивачите на Баер Леверкузен имаат причина да слават откако управата на клубот заврши огромна работа – постигнувајќи договор за продолжување на соработката со својот најдобар фудбалер, Флоријан Вирц.

Германскиот репрезентативец игра уште една извонредна сезона, но бидејќи актуелниот договор му истекуваше во јуни 2026 беше јасно дека „фармацевтите“ ќе мораат да го продадат летово ако тој во меѓувреме не потпише нов договор. Преговорите се интензивираа, Вирц доби зголемување на платата, но и она што е најважно – клаузула за предвремен раскин под оние 150 милиони евра на кои инсистираше Баер.

Како што информира весникот „Билд“, новиот договор ќе биде со важност до јуни 2028 година, а клаузулата ќе изнесува 125 милиони евра, сума што според германските медиуми е сосема реална за мегатрансфер на Вирц летото 2026. Баерн Минхен будно ја следи ситуацијата на Вирц и сигурно ќе биде главен кандидат во трката, во која се очекува да се вклучат и Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Се вчитува...