Питер Крауч ја заврши својата фудбалска кариера пред скоро две години, а јасно е дека неговите најдобри денови ги помина во дресот на Ливерпул. Крауч беше еден од најинтересните напаѓачи во Премиер лигата поради неговата градба, и едноставно беше невозможно да не се забележи на теренот.
Напаѓачот пристигна во Ливерпул летото 2005 година од Саутемптон за скоро 11 милиони евра, па тој се потсети на времето кога пристигна кај „црвените“ и призна дека му било поважно тогаш да остави добар впечаток на Стивен Џерард отколку на тренерот Рафа Бенитез.
“Кога влегувате во таа соблекувална на Ливерпул, автоматски станувате подобар фудбалер, тоа им се случува на сите. Тогаш тоа беше поради страв од Стиви затоа што учевте од секоја грешка и едноставно станувате подобар и подобар. Се сеќавам кога дојдов во Ливерпул, тогаш ми беше поважно да го импресионирам Џерард, отколку тренерот Рафа Бенитез. За мене Џерард е најдобриот фудбалер”, заклучи Крауч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

