Менаџерот на Кардиф, Нејл Ворнок вели дека во Ливерпул покажуваат сериозен недостаток на култура кога е во прашање трансферот на Натаниел Клајн во Бурнмаут.
Клајн требаше да премине кај Ворнок, но на крајот замина во Бурнмаут поради што има големо разочарување во редовите на Кардиф.
„Тоа е срамота. Се разочарав од Клајн затоа што го познавам добро, кај мене дебитираше. Но, не сум разочаран само од него туку и од Ливерпул кој си поигра со мене. Ми ветија дека ќе биде мој играч, за да потоа на ТВ видам дека се е готово. Не сакаа ниту барем да ме информираат. Тоа е срамота и недостаток на култура“ – вели Ворнок.
Клајн токму кај Ворнок дебитираше во Кристал Палас во 2008 година, но оваа сезона одигра само еден натпревар па можеше да се очекува дека ќе го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА