Во Лондон владее лудило: Сите патишта водат кон „Вембли“ (видео)

Се бројат последните часови до големото финале на ЕВРО 2020, прво за англиската репрезентација во историјата на европските шампионати.

Во Лондон владее вистинско фудбалско лудило, Англичаните се убедени дека вечерва ќе ја совладаат Италија, па веќе побараа и понеделник да биде прогласен за неработен ден во оваа земја.

Илјадници фанови веќе се излезени по улиците на британската метропола, а како што се ближи почетокот на мечот, така сите патишта се повеќе водат кон „Вембли“, англискиот храм на фудбалот каде „гордиот албион“ во 1966 стана светски првак, а вечерва ќе се обиде за првпат во историјата да стане и европски фудбалски шампион.

Се вчитува...