Германскиот првак Баерн Минхен се пласира во полуфиналето на Купот, откако во луд натпревар го победи второлигашот Хајденхајм со 5-4. Горецка донесе водство за баварскиот тим, но потоа Хајденхајм изненадувачки возврати со два гола, преку Глацел и Шнатерер, откако Суле заработи црвен картон.
Во вториот дел, тимот на Нико Ковач постигна три гола во брз период, стрелаа Милер, Левандовски и Гнабри, и сите мислеа дека мечот е решен по водството од 4-2. Но, Хајденхајм израмни, со двата гола на Глацел, вториот од пенал.
На крајот, пенал беше досуден и за Баерн Минхен, а го реализираше Роберт Левандовски за конечен триумф од 5-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА