Дури и денес, ѕвездите на Реал Мадрид беа пречекани од своите навивачи со свирежи на натпреварот со Рајо Ваљекано. Шпанците тврдат дека свирежите никогаш порано не биле погласни и ова е доказ дека лошите резултати не се толерираат на „Сантијаго Бернабеу“.
Секој од фудбалерите го доби својот дел, а откако започна натпреварот, на Бернабеу следеше целосен молк. Реал Мадрид го загуби Џуд Белингам уште во 10. минута.
TREMENDA PITADA en la salida de los jugadores del Real Madrid al calentamiento.
👏🏻👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/pfntzvJ7L5
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) February 1, 2026
Англичанецот тргна кон топката, но по повреда на задната ложа падна на теренот. Белингам ја напушти играта во солзи а Брахим Дијаз влезе во играта место него.
Ова беше 28-ми натпревар во сезоната за Англичанецот. Тој има учинок од шест гола и четири асистенции, но тој, како и повеќето други играчи на тимот од Мадрид, ги одигра клучните натпревари доста лошо.
Затоа не е ни чудо што ниту тој не е ослободен од свирежите од трибините, а веќе се споменува евентуално заминување од Реал. Очигледно, Џуд може да се врати во Англија.
„Бернабеу“ повторно се крена на нозе во 15-тата минута. Спектакуларен гол постигна Винисиус Жуниор за 1-0.
VAYAAAAA GOLAZOOOOOO DE VINÍCIUS, MADRE MÍA 😍😍😍😍 pic.twitter.com/Xk0JCcMbfd
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) February 1, 2026
Треба да се напомене и дека претседателот на клубот, Флорентино Перез, исто така, доби огромни исвиркувања. Секогаш кога неговиот лик ќе се појавеше на екранот, навивачите реагираа бурно.
Во последно време, навивачите едногласно бараат неговото заминување. Речиси две децении, Перез суверено владее со клубот и нема намера да се откаже, иако има 78 години на грб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

