Реал Мадрид веќе ги договори Хујсен и Александер Арнолд, а раководството на „кралевите“ забележа уште една голема победа на пазарот, осигурувајќи го потписот на Франко Мастантуоно, 17-годишниот аргентински суперталент кој важи за најперспективен плејмејкер во светскиот фудбал.
Европскиот првак ПСЖ од април водеше интензивни преговори со тинејџерот, се чинеше дека работата е завршена, но ситусацијата се промени во последната седмица, откако делегација на Реал допатува во Буенос Аирес. Обидите вродија со плод, па аргентинскиот тинејџер прифати да потпише петгодишен договор со најтрофејнниот европски клуб.
За комплетирање на трансферот се чека само уште договор меѓу клубовите, што нема да биде премногу тешко ако се знае дека Мастантуоно има клаузула за 45 милиони евра. Реал се нуди да ја плати сумата на шест години рати, Ривер бара исплатата да биде во рок од три години, но се очекува клубовите наскоро да најдат заеднички јазик, по што „кралевите“ би го комплетирале и третиот трансфер во овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

