Во максимален ритам, но и ведро расположение, момците на Лазаров се подготвуваат за Романија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометната селекција под водство на селекторот Кире Лазаров низ максимален ритам ги одработува подготовките за двата пријателски натпревари против Романија во рамките на ЕХФ неделата.

Лазаров мартовскиот собир ќе го искористи за тест на добар дел помлади сили на кои што ќе може да смета во иднина, откако поради повреди отпаднаа тројца стандардни првотимци, Костески, Атанасијевиќ, Кузмановски и Јагуриновски. Меѓу 17 ракометари има и  тројца дебитанти – Николас Најденовски кој настапува за шведски Луги, како и Валентин Карасманакис и Иван Галевски од Алкалоид.

Македонија по денешните последни тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, утре заминува за Браила, каде во петок (15. март) и во сабота (16. март) ќе бидат одиграни двата натпревари со Романија.

Се вчитува...