Голманот на футсал репрезентацијата на Нов Зеланд, Ата Елајан е меѓу 50-те убиени во нападот на џамиите во Крајстчрч потврди полицијата и фудбалската федерација на земјата. 33-годишниот Елајан кој е роден во Кувајт имал 19 настапи за националниот тим.
Во моментот на нападот бил на молитва во една од џамиите кои беа цел на безумниот напад на Брентон Тарант, напаѓачот кој веднаш беше уапсен и обвинет за убиствата.
Дел од спортските случувања во Нов Зеланд беа одложени, но голем дел, во консултации со полицијата се одржаа според планираното.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА