Повремениот српски репрезентативец Предраг Вејин (24) доаѓа како ново засилување во Металург. Според најавите во српските медиуми, ангажанот на Вејин ќе биде до крајот на сезoната.
Српскиот десен бек, кариерата ја почна во Апатин, има настапувано и за Металопластика, Адемар Леон и Данкерк, а првиот дел од оваа сезона го помина во екипата на Ал Џезеира во Абу Даби.
Со доаѓањето на Вејин се зголемува српската колонија во Автокоманда. Во дресот на Металург веќе настапуваат пет српските ракометари – Дарко Арсиќ, Вања Илиќ, Немања Обрадовиќ, Немања Младеновиќ и Александар Гуглета, а на почетокот на сезоната во Автокоманда беа и Милош Драгаш и Војислав Брајовиќ, но тие на полусезоната си заминаа од редовите на македонскиот вицешампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА